Ева Мендез и Рајан Гослинг се омилената двојка во Холивуд
Според последната анкета меѓу вљубениците во филмот и „црвениот тепих“, Ева Мендез и Рајан Гослинг се омилента љубовна двојка во Холивуд.
Ева Мендез и Рајан Гослинг се запознале 2011 година, на снимањето на филмот „The Place Beyond The Pines“ (Местото зад боровите). Не се експонираат премногу во јавноста околу тоа, па 2016 година се венчале на тајна свеченост. Ева и бременоста ја криеше долго време. Поради Рајан и двете нивни ќерки – Амада и Есмералда, глумицата се откажала од кариерата во Холивуд.
За децата се грижат исклучиво самите родители, пред се Ева. Таа покрај тоа, е посветена и на дизајн на облека и некои други проекти, што не вклучуваат повеќемесечна разделба од семејството, како што се филмовите.
Глумицата меѓутоа не ја исклучува целосно можноста да се врати в Холивуд, но можеби кога децата малку ќе потпораснат.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
