Loading Video...
Ракомет
5. February 2021 - 16:03

Еурофарм Пелистер со многу проблеми патува за Загреб

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре му гостува на ППД Загреб во меч од 2.коло на А групата во САХА конкуренцијата 
 
Без, Велковски, Кушан, Вегар и Маџовски, како и новото засилување Карим Хендави, кој синоќа пристигна во Битола, битолските „фармацевти“ ќе се обидат да го изненадат хрватскиот шампион.
 
„ Мислам дека добро се подготвивме, со исклучок на неколку ракометари кои имаат мали проблеми. Одиме во Загреб да се надигруваме и знаеме каков противник ќе имаме в сабота навечер. Се работи за екипа која скоро секоја година игра Ф4 на СЕХА лигата. Нема да биде лесен натпревар, но ќе играме на победа. Ќе дадеме максимум и ќе видиме што ќе се случи. Успех во Загреб ќе ни донесе голема самодоверба и добар влез во втората полусезона. Ни следат повеќе натпревари и добар старт во Загреб добро би ни дошол. Ни следи брзо потоа и Татабања во Битола и се надеваме на добри резултати“, истакнува Гоце Ојлески. 
 
Утрешниот дуел меѓу ППД Загреб – Еурофарм Пелистер ќе започне во терминот од 20 часот.