Loading Video...
Ракомет
9. February 2021 - 16:29
Еурофарм Пелистер подготвено го чека двомечот со Татабања
Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува двомеч со Татабања во рамките од ЕХФ европската лига.
Утре и задутре во Битола на мегдан кај Еурофарм пелистер доаѓа унгарската екипа Татабања. Ова се дуели од Д групата во Европската лига во кои пелистерци ќе треба да сторат се за да извлечат победи, особено по трите порази и нерешениот дуел, што како ефект досега го имаат избраниците на хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ
„Ќе биде сигурно тешко и за нас и за нив. Ќе беше подобро да имавме поддршка од публиката, но денес е така и предноста на домашниот терен не е изразена. Сепак, полесно е да играме на домашен терен, отколку да патуваме. Секако дека имаме една мала предност, но тоа нема да го одлучи победникот. Верувам дека ќе дојдат моменти во кои треба да бидеме стрпливи, мудри и храбри за да го превртиме натпреварот во наша полза“, изјави Бабиќ
Ненад Костески е оптимист и покрај респектот за третопладираната екипа во унгарскиот шампионат.
„Се подготвуваме, добро ги анализираме и ова за нас се многу важни натпревари и како се подготвуваме верувам дека ќе извојуваме две победи кои многу ќе ни значат. Не смееме да ја потцениме Татабања, иако имаат четири порази. Имаат квалитетна екипа и одлични бекови, кои ако влезат во серија ќе ни направат многу проблеми“, вели стружанецот.
Двата натпревари меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања ќе започнат во терминот од 17 часот, а првиот на програмата е утре.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
