Loading Video...
Фудбал
30. јуни 2021 - 11:33
ЕУРО 2020: Патот до финалето во Лондон
На Европското фудбалско првенство денеска и утре е слободен ден пред новите возбудувања што ќе ги донесе четвртфналната рунда. А, во неа, Англија и Украина го формираа последниот пар.
Својот дуел за влез во „големата четворка“ Украина и Aнглија ќе го одиграат во сабота во Рим, по што ќе биде познат и последниот полуфиналист.
Полуфиналната рунда ја отвараат Шпанија и Швајцарија со средбата закажана за во петок од 18 часот во Санкт Петербург, а веднаш по нив ќе играат Белгија и Италија во на „Алијанц арена“ во Минхен од 21 часот.
Третиот четвртфинален пар го сочинуваат репрезентациите на Чешка и Данска, селекции кои ќе играат во сабота (3 јули) во Баку во терминот од 18 часот.
1//4 ФИНАЛЕ
2 јули – петок
БЕЛГИЈА - ИТАЛИЈА (Минхен) 18 часот
ШВАЈЦАРИЈА - ШПАНИЈА (Санкт Петербург) 21 часот
3 јули - сабота
УКРАИНА - АНГЛИЈА (Рим) 18 часот
ЧЕШКА - ДАНСКА (Баку) 21 часот
ПОЛУ-ФИНАЛЕ
6 јули (Лондон), 21 часот Лондон
Белгија / Италија - Швајцарија / Шпанија
7 јули (Лондон), 21 часот Лондон
Украина / Англија - Чешка / Данска
ФИНАЛЕ
11 јули (Лондон), 21 часот Лондон
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
