ЕУ ќе ги замрзне сметките на Путин и Лавров, НАТО самит со осуда за Русија
Европската унија се подготвува да го замрзне имотот на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Мерката ќе биде дел од третиот пакет на мерки против Русија кои Брисел треба да ги утврди попладнево на состанок на министрите за надворешни работи. Како што јавуваат бриселски дипломати со овие мерки нема да се забрани патување на Путин и Лавров.
Новиите санкции следудваат откако синоќа европските лидери веќе договорија првични санкции против официјална Москва кои треба да бидат потврдени на денешниот состанок.
Дополнителен пакет итно се подготовува”, напиша на Твитер Шарл Мишел, претседател на Советот на ЕУ.
Најавата од Брисел за нови санкции стигна откако украинскиот претседател рано утрово се пожали дека првичните мерки од западните партнери не даваат резултат.
Претходно и украинскиот министер за надворешни работи Кулеба на Твитер отворено побара од ЕУ да ја исклучат Русија од меѓународниот платежен банкарски систем SWIFT што засега не е опфатен со мерките.
Првичниот договор на европските лидери има за цел да ги погодат рускиот финансиски, енергетски и транспортен сектор и вклучува контрола на извозот. Како што објасни претседателка на Европската комсија Фон дер Лајен се таргетира 70 отсто од рускиот банкарски сектор и државните компании што ја поддржуваат нафтената индустрија. Има и мерки во делот на визната политика како и дополнителни спосиоци на руски поединци со одреднеи ограничувања.
Но, имаше и такви кои велат дека санкциите не се доволни.
-„Не ни требаат санкции што лаат, ни требаат санкции што гризат, и ако санкциите загризуваат, тие треба да загризат на многу темелен начин.
-„Во оваа војна сè е реално: лудилото и суровоста на Путин, украинските жртви, бомбите што паѓаат врз Киев. Само вашите санкции не се вистински. Тие влади на ЕУ, кои блокираа, тешки одлуки (т.е. Германија, Унгарија, Италија) се посрамотија“, напиша поранешниот претседател на европскиот совет Доналд Туск на Твитер.
Списокот на држави и санкции кои се воведуваат на Русија се зголемува постојано. Откако САД и Велика Британија уште синоќа воведоа санкции против Путин, денеска ограничувачки мерки презедоа и Јапонија, Австралија, Нов Зеланд. Се ограничува Русија да тргува во долари, евра, фунти и јени како дел од глобалната економија, запирање на нејзините можности за финансирање и унапредување на руската војска, ограничувања во телекомуникации и ласери, а се санкционираат и уште четири банки, меѓу кои е и втората по големина банка во Русија.
Воведните санкции ќе ги почитуваат и државите од регионот независно дали се или не се дел од ЕУ и НАТО, како Косово и Македонија.
На санкции се придружи и УЕФА. Европската куќа на фудбалот го суспендираше оддржувањето на финалето од Лигата на шампионите во Санкт Петербруг, и одлучи домаќин да биде Франција.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
