„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети

Американската компанија „Епл“ ги претстави новите модели на „Ајпад про“, а познавачите сметаат дека се работи за можеби највпечатливите подобрувања досега. Речиси сѐ околуу нив е ново и подобро од порано, велат стручњаците.
Новиот таблет се напојува со „М-4“ процесор што е 1,5 пати побрз од „М-2“, и до четирипатипати подобри перформанси. Делотворноста е надополнета со вештачка интелигенција. Покрај тоа, ова е и најтенкиот производ на „Епл“ воопшто - 11-инчниот модел е 5,3 мм, а 13-инчниот модел е 5,1 мм. тенок. Алуминиумската обвивка на таблетот, којашто е достапна во сребрена и „вселенско“-црна боја, е направена од 100 отсто рециклирани материјали.
Говорејќи за екраните, „Мини-ЛЕД“ и „ИПС ЛЕД“ се веќе минато и се заменети со „ОЛЕД“ технологија. Тоа ја приспособува брзината на слики меѓу 10 и 120 херци, со резолуција од 2.420 x 1.668 пиксели за 11-инчниот модел или 2.752 x 2.064 пиксели за моделот голем 13 инчи.
„Епл“ ја претстави и „Пенцил про“ верзијата со новиот сензор чувствителен на стискање, што може да се користи за брзо менување на поставките.
Новите модели на се достапни на интернет-продажба во 29 земји. Во продавниците на „Епл“ пристигнуваат на 15 мај. Во зависност од спецификациите и големината, „Ајпад про“ чини од 1.200 до 2.760 евра, конкретно во Германија.
По желба, на заштитното стакло може да се додаде нано-текстура за да се намали отсјајот и светлоста. Овој додаток чини 130 евра и е достапен само за моделите со меморија од 1 и 2 терабајти.
Ново на Сител
-

Пијан возач од Струмица усмрти 19-годишна девојка на мотор
-

За да се спаси селото Лознани Александар Чепиговски со трактор влезе во огнот
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
