-->
-->
ЕП 2024: Македонија во група со Франција и Германија
-->

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во една од најсилните групи на ЕП во Германија што ќе се одржи во м.јануари наредната година.
Во групата со Македонија е домаќинот Германија и еден од главните фаворити Франција. Од последниот шешир е извлечена селекцијата на Швајцарија.
Франција беше во првиот шешир а домаќинот Германија во вториот
Од последниот шешир беше извлечена репрезентацијата на Швајцарија, која ја затвора групата А која ќе се игра во градот Берлин.
Задачата за македонските ракометари ќе биде пеколно тешка, бидејќи во наредната фаза патуваат само двете најдобри селекции од групата, по што во главната фаза ќе разигруваат најдобрите 16 репрезентации.
Група А: Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
група Б (Манхајм): Хрватска, Шпанија,Австрија, Роман
група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција
РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА:
10-ти јануари: Македонија – Франција
14-ти јануари: Германија – Македонија
16-ти јануари: Македонија – Швајцарија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
