Ентони Хопкинс одбележува 45 години трезвеност
Сер Ентони Хопкинс е глумец чии улоги сме ги гледале во еден здив, со воодушевување, но и страв, вџашеност, а многупати и со солзи во очите… Сепак, не само како актер, туку и како човек, тој, како што вели, многу добро знае што значи да се бориш со своите демони во животот.
Така, Ентони признава дека многу години од својот живот минал во друштво на неговиот страшен „пријател“ – алкохолот.
Но, на вчерашен ден, пред 45 години, Хопкинс решил да се оттргне од оваа негова лична слабост и ги прослави своите 45 години трезвеност. Тој го сподели овој важен податок преку својот Инстаграм, објавувајќи видео во кое вели:
„Добро утро! Нова година доаѓа! Оваа година беше тешка и полна со тага за многу луѓе. Но, на денешен ден пред 45 години, јас чекорев кон вистинска катастрофа, опивајќи се до смрт. И, нешто ми светна, нешто во главата ми рече – ‘Или ќе живееш или ќе умреш!?’ Јас одлучив да живеам, а потоа дојде мирот и мојот живот стана неверојатен… Денеска е она ‘утре’ за коешто бев толку загрижен вчера! Затоа, сите вие млади не се откажувајте, борете се и големи сили ќе ви дојдат напомош! Среќна Нова година! Таа ќе биде најдобра!“
Се верува дека, всушност, алкохолизмот ги уништил неговите први два брака – со Петронела Баркер и Џенифер Линтон. Сега е во брак со Стела Аројав.
Големиот и трезен Ентони Хопкинс утре полни 83 години, а следните два филма каде што тој ќе глуми, се драмата „Елиса“ и трилерот „Виртуоз“.
Ново на Сител
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
-

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час
-

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
