Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо

Американскиот музичар и продуцент Маршал Метерс, попознат како Еминем, објави дека неговата ќерка Хејли Џејд Метерс го чека своето прво дете, и тоа преку новиот спот за песната „Temporary“.
Во видеото, Хејли, инаку исто така музичка уметница и водителка, на татко си му дава син дрес од Детроит Лајанс со број 1, а наместо име стои натпис „Дедо“ на грбот. Зачудениот рапер потоа држи и слика од ултразвук.
Музичкото видео содржи монтажа на домашни видеа од детството на Хејли и младоста на Еминем, како и снимки од нејзината неодамнешна венчавка со Еван Меклинток.
Набргу по објавувањето на видеото, Хејли на Инстаграм објави низа слики од ултразвук, со порака дека бебето треба да се роди следната година. Таа и Меклинток се заедно од 2016 година. Се свршија во февруари 2023 година, а во брак се од мај.
Ново на Сител
-

МНР на Србија: Соопштението од Црна Гора ја потврдува тезата за хибридна војна против Србија
-

Германија, Британија, Франција и Италија подготвени за мисија за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина
-

Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран
-

Иран потврди итен и траен прекин на воените дејствија со САД
-

Мицкоски на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриската зона Жабени
-

Јавна расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 34 степени
-

Трамп потврди дека е постигнат договор со Иран за прекин на војната и отворање на Ормуската Теснина
