Loading Video...
Фудбал
29. October 2021 - 11:17

Елмас со Наполи повторно на врвот на табелата во Серија А

Во последниот меч од 10 коло на Серија А, екипата на Наполи со 3-0 славеше победа над Болоња. 
 
Ељиф Елмас беше во стартниот состав, а токму по неговата асистенција во 18-минута Руиз го постигна првиот гол. 
 
Останатите два беа дело на Инсиње од пенал во 41-та и 62-та минута. 
 
Наполи се врати на врвот на табелата со 28 бодови колку што има и второ пласираниот Милан.
 
Во следната рунда Наполи гостува кај претпоследно пласираната Салернитана.