Една чаша солена вода треба да конзумирате секој ден!

Комбинацијата од чиста морска сол и вода како дел од редовната прехрамбена рутина може да го регенерира нашиот организам на следните начини…
Бенефициите на вода со лимон или со јаболков оцет се на широко познати. Наместо овие два пијалоци, се поголем број на луѓе во последно време почнуваат да пијат – солена вода.
Често слушаме за тоа колку солта во прекумерни количини е лоша за нашето здравје, но ретко се зборува за нејзините бенефиции и позитивните ефекти врз организмот. Поточно, комбинацијата на чиста морска сол и вода како дел од редовната прехрамбена рутина, може да го регенерира нашиот организам благодарение на минералите во овој пијалок со голема хранлива вредност.
Подготовка: Измешајте 3 децилитри вода со прстофат сол и испијте ја при појадокот или во текот на денот, а во продолжение прочитајте кои се бенефициите од солената вода.
1. Правилна хидратација
Познато е дека може да се испие и премногу вода, а во тој случај во организмот доаѓа до недостаток на натриум, кој води до хипонатремија. Солта истовремено му помага на телото да ја апсорбира водата и да одржува баланс на натриумот во организмот.
2. Детоксикација
Солената вода содржи минерали кои помагаат во природната детоксикација на телото и исфрлување на штетните токсини, а исто така има и антибактериски својства, па ги исфрла бактериите од организмот.
3. Варење на храната
Солта ги активира жлездите во устата кои потоа испуштаат протеин кој помага во правилното разградување на храната и на тој начин значително го олеснуваат процесот на варење на храната. Со овој пијалок, подуеноста ќе остане само спомен.
4. Сон
За оние кои страдаат од несоница, солената вода би можела да стане решение за овој непријатен проблем. Природните минерали во солта го смируваат телото и нервниот систем и го намалуваат нивото на кортизол во телото т.н. хормон на стрес, кој често не ни дозволува да спиеме.
5. Кожа
Сите сакаме да имаме здрава и убава кожа, а во тоа исто така ни помагаат минералите кои се наоѓаат во солта. Тие ги намалуваат акните, осипот, егземата и ја одржуваат кожата мазна и чиста. Повеќето луѓе од прва рака можат да потврдат дека морската вода одлично делува на кожата, а чаша солена вода може одвнатре да ви помогне во регенерацијата на кожата.
Ново на Сител
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
