Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција

Еден од најголемите центри за податоци во Европа ќе биде изграден на локацијата на рудници за лигнит во близина на градот Кожани, северна Грција, јави Блумберг. Инвестицијата ја планира грчката национална компанија за електрична енергија ДЕИ, а нејзината вредност се проценува на 5,8 милијарди евра. Целта е рударењето лигнит да се замени со технолошки центар и производство на чиста енергија.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис политички инвестираше во ревитализацијата на Кожани и целиот регион. Покрај очекувањата на еден од најсиромашните региони во Грција, проектот е поврзан и со реорганизацијата на ДЕИ, во која грчката држава останува главен акционер, но која оваа година собра и капитал на берзите.
Локалните жители се жалат дека откако владата објави крај на производството на електрична енергија од лигнит во 2019 година, работните места потребни за ограничување на последиците од транзицијата се уште не се создадени. Малку од преостанато производство на јаглен е наменето за последната оперативна електрана, Птолемаис 5, која треба да престане да користи лигнит до крајот на годината.
За време на посетата на регионот минатиот месец, премиерот Мицотакис рече дека таму ќе се создадат повеќе и подобро платени работни места, ветувајќи дека владата ќе „мобилизира сите расположиви европски ресурси“ за да го поддржи тој регион во оваа „тешка транзиција“.
Компанијата планира да изгради центар за податоци од 300 мегавати во Кожани до крајот на 2028 година, паралелно со изградбата на проекти за зелена енергија во областа. До 2031 година, капацитетот би можел да порасне на еден гигават. Преговорите веќе се во тек со „хиперскалерите“, т.е. големите меѓународни даватели на облак-услуги и дигитални услуги, за да се најде компанија што ќе го изнајми центарот за податоци
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за трошоците за прославата
-

ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод единствено училиште кај нас со сопствена кујна со топол оброк за учениците
-

Александар Степанулески е 34-тиот победник на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Бројните организирани забави до повисоки приходи за хотелите
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
