Џастин Бибер обвинет за плагијат

Француското електро-дуо „Жустис“ повлече правни дејствија околу насловната страница на новиот албум на Џастин Бибер, насловен „Justice” (Правда). Имено, според Французите, постои огромна сличност меѓу логото на бендот и она што се појави, како на корицата, така и на придружната содржина на албумот.
Иако издавачката куќа на „Жустис“ – „Ед Бангер рекордс”, првично се пошегува за сличноста на двата знака, групата реши и легално да ја запре употребата на нејзината трговска марка.
„Тоа утро кога Бибер го објави својот албум, вестите и сличноста тешко дека ги пропуштивте. Од тоа што го видовме на интернет, стотици обожаватели забележаа дека сличност има и многумина се прашуваа – дали можеби станува збор за соработка?”, изјави менаџерот на групата – Тајлер Голдберг.
Тие имаат свое стилизирано лого со крст вметнат во зборот „Правда“, заштитено во Франција и ЕУ, а секоја неовластена употреба е незаконска. Дополнителен проблем е што тимот на Бибер се свесни за постоењето на бендот и логото, и побарале да стапат во контакт со авторот за да го искористат за својот албум.
Ново на Сител
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
