Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал

Џастин Бибер конечно проговори за гласините што го поврзуваат со американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Диди, само неколку дена откако почна судењето на поранешниот музички магнат под обвинение за сексуални злосторства.
Диди (55) се соочува со низа кривични пријави, па меѓу обожавателите, откако почна сѐ тоа, се проширија стравувања дека Бибер (31) можеби бил една од жртвите раните свои години во музичката индустрија. Сепак, канадскиот поп-пејач вчера индиректно, но конкретно одрече дека бил жртва на Диди. Имено, извори блиски до пејачот за „Ти-ем-зи“ (TMZ) изјавија дека „Диди никогаш, на ниту еден начин, не го злоставувал“ Џастин.
„Иако Џастин не е меѓу жртвите на Шон Комбс, има луѓе кои тој навистина ги повредил. Пренасочувањето на фокусот од тој факт ја намалува борбата за правда што овие жртви со право ја заслужуваат“, додаде претставникот на младиот пејач.
Како започна нивното пријателство? Тие двајцата се запознале преку менторот на Џастин – Ашер (Диди, пак, му беше ментор на Ашер). Бибер открива дека Диди тогаш го поканил во неговата куќа во Њујорк, каде што разговарале за музиката и целата индустрија. Бибер често нагласуваше колку бил исплашен и возбуден…
Во 2009 година, младиот Бибер објави видео наречено „48 часа со Диди“, на коешто тинејџерот Бибер се дружи со музичкиот магнат, сега обвинет за сексуална трговија и напади.
Се дружеа потоа со години, но по апсењето на Диди, Бибер се огради од него. Гласините потоа посочуваа низ што можел да минува младиот Бибер на почетокот на својата кариера.
Ново на Сител
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
