Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип -Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента.
Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело во таа коловозна лента.
Во несреќата повредени се повеќе лица, кои веднаш се пренесени во болница за укажување на лекарска помош.
„Денеска (03.07.2026) во 12:19 часот во Полициското одделение Пробиштип од Итната медицинска помош Пробиштип е пријавено дека пред с.Бучиште, пробиштипско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген кеди“ со беровски регистарски ознаки управувано од Н.П. и патничко возило „киа“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(33). Во несреќата со повреди се здобиле возачот А.М. и неговата 28-годишна сопатничка Е.М. кои се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на помош.“, информираат од МВР.
Дополнително, неколку лица се повредени од вдишување чад и се пренесени за укажување на лекарска помош, додека на терен се регистрирани нови жаришта на пожари во селата Ратавица, Неокази и на местото викано Глобица.
Ново на Сител
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
