Македонија
24. April 2026 - 14:05

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Д.(41) од Скопје и Ж.Н. (54) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 16.01.2026 на Попова Шапка, пријавените со ратрак превезувале туристи, без лиценца и без договор со националниот парк, а при обид да бидат спречени во намерата, упатиле закани кон вработените од Националниот парк, а потоа В.Д. се обидел да ги прегази, при што со механичка корпа, удрил еден од вработените.