Свет
28. July 2026 - 8:07

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина

Во северозападната кинеска провинција Чингхај утрово се регистрирани два умерени земјотреса.

Првиот земјотрес бил со интензитет од 5,7 степени, а по 18 минути уследил уште еден земјотрес со магнитуда од 5,8 степени.

Епицентарот на двата земјотреса бил на околу 244 километри од главниот град на Чингхај, Синин на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.