Македонија
15. March 2024 - 16:46

ДУИ предлага изборниот пораз да донесе оставки, опозицијата прифаќа

ДУИ ја фрли ракавицата: тој што ќе ги изгуби парламентарните избори да се повлече од политиката. Предлогот денеска го објави министерот за економија Крешник Бектеши, уверен во победата на интегративците. За него Ахмети е неприкосновен и на лидерската позиција во ДУИ и во изборните победи.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќаат понудата на Крешник бидејќи ДУИ дефинтивно нема да биде дел од идната власт. 

Од албанската опозиција велат ДУИ блефира, а ако толку сакаат одговорност за изборен пораз да одберат нотар и време кога ќе ја потпишат изјавата.

За Ковачевски, кому Ахмети му беше главен партнер, политичарите влегле во политика за да се занимаваат со нејзе, а не за да се повлекуваат.

Според партиските статути на најголемите партии политичката одговорност е обврска. Постизборно пред различни тела, раководството треба да даде отчет за изборните рзултати, но тоа ретко кога било оставка или разрешување на лидер.