Македонија
6. March 2023 - 16:36
ДУИ ги чисти огнените од партиските редови, Меџити вели дека функцијата која ја добил Османи не постои
Нелегитимна, ирационална и одлука донесена од инает е назначувањето на Бујар Османи за координатор на ДУИ во Чаир, место кое со години го раководи Изет Меџити. Предводникот на огнената група вели дека Ахмети му измислил позиција на Османи во страв дека членството на ДУИ застана на страната на огнените
Координатор за политички процеси во Чаир, значи таква позиција не постои. Тоа е смешно. Никаде во органограмот на ДУИ таква позиција не постои, тоа е измислено. Второ, не се дебатирало во ниту еден партиски орган, затоа е нелегитимно, нестатутарна одлука. Сигурно ова е како резултат на големиот митинг што беше во Чаир што беше јасна порака од граѓаните кого поддржуваат, вели Меџити за Сител.
Рече дека не размислува за самостоен настап истовремено испраќајќи му порака на Ахмети дека граѓаните стојат зад него, а не зад раководството во Мала Речица.
-Не сме ние што треба да размислуваме за тоа како понатака. Треба да рефлектираат горе, бидејќи пак на крај ќе дојдеме кај гласачите и граѓаните. Најискрено и најсериозно велам дека 99% од членството, од милитантите на ДУИ, размислува како нас - вели Меџити за Сител.
Во ДУИ денеска без коментар. Двајцата портпароли не одговорија на нашите повици. Расколот во ДУИ кулминираше по гласањето за реконструкција на Владата кога пратнеиците на огнената група не дадоа поддршка по што Ахмети почна да ја чисти партијата од нивните приврзаници.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
