Loading Video...
Фудбал
3. јуни 2021 - 17:39

Дуелот со Казахстан треба да биде подготовка за Украина

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за своето деби на Европскиот шампионат. Како дел од нив е и утрешниое коптролен меч против Казахстан
 
Ако Словенија пред два дена требаше да ја „глуми„ Австрија, тогаш Казахстан треба да биде пандан на Украина против која во мундијалските квалификации одигра 1:1, па оттаму утрешната средба за избраниците на Ангеловски ќе биде и мерило повеќе колку и што можеме да очекуваме од црвено-жолтиоте на Европското првенство
 
„Овој натпревар ќе го искористиме како тренинг. Оваа репрезентација не е од типот на Лихтенштајн или Гибралтар, тие одиграа со Украина 1-1 во квалификациите. Казахстан бележи солидни резултати, ќе биде добар тест. Можеби ќе излеземе во поразличен тим, ама не во целост. Тие што треба да добијат поштеда ќе ја добијат, а оние од втор план ќе имаат минутажа. За трите резерви на Европското првенство, ќе се одлучува на ден пред натпреварите, се надевам нема да морам да ги користам од здравствени причини“ изјави македонскиот селектор. .
 
Со селекторот Ангеловски се согласува и стрелецот на голот против Словенија, Ељиф Елмас.
 
„Очекувам добар натпревар против Казахстан, тие се квалитетни и тоа го покажаа против Украина. Како и на сите други натпревари, ќе се обидеме да победиме и утре. Свесни сме за притисокот на Европското првенство, ќе одиме да се докажеме пак дека можеме да играме натпревари со висок интензитет“, истакна Елмас. 
 
Утрешниот дуел меѓу Македонија и Казахстан што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе започне од 18 часот.