Македонија
11. October 2023 - 17:12

Дрвокрадците пустошат во шумите низ Охрид и Струга

Во пресрет на грејната сезона дрвокрадците во акција. Поединци и групи „вооружени“ со најсовремени моторни пили и возила без таблички, најчесто ноќе, но и среде бел ден, безмилосно ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион. Речиси цели предели се оголени од ваквите нелегални дејствија, кои се прават години наназад.

Мештаните од струшко Вишни сведочат за  организирани групи кои собираат големи количини огревно дрво и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот.

Проблемот според добрите познавачи е системски потребна посуштинска заштита на планината Јабланица преку прогласување за заштитено подрачје од категорија на НП.

Инаку деновиве во два одделни случаи било одземено огревно дрво при нелегален траспорт без потребна документација.

Во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46 годишно лице тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри просторни нежигосано огревно дрво. На улицата „Кленоец“ пак, полициски службеници од 58 годишно лице одзедоа товарно моторно возило со струшки регистарски ознаки, натоварено со четири метри просторни огревно дабово дрво за кои не поседувал документација. По целосно расчистување на двата случаи од охридската аполиција најавија дека ќе биде поднесени соодветни пријави.