Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“.
Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера.
Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го донираше на Музејот на спортот во Рио де Жанеиро.
Првпат беше понуден на јавна продажба од аукциската куќа „Кристи“ во 2004 година и оттогаш повеќе од две децении не беше јавно изложуван.
„Овој дрес не е само траен потсетник на еден од најважните моменти во историјата на фудбалот, туку е поврзан и со моментот што го катапултираше Пеле во глобална спортска икона“, изјави раководителот на спортската стратегија и развој во „Сотби“, Брендан Хокс.
Рекордната сум што досега е платена за спортски дрес датира од 2024 година кога за бејзбол дресот што го носеше легендарниот Бејб Рут во Светската серија од 1932 година беа платени 24,1 милиони долари.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
