Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале

Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија.
Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија Џордан Пикфорд имаше три исклучително важни одбрани.
Сепак завршницата мина во знакот на Аргентина, откако селекторот на Англија Томас Тухел направи измени и се реши да го брани водството. Во 85.минута светскиот првак изедначи со прекрасниот гол на Енцо Фернандез, во втората минута од судиското надополнување резервистот Латуро Мартинез ги постави конечните 2:1.
На тој начин Аргентина избори ново финале и добива шанса да ја одбрани шампионската титула.
Финалето Шпанија – Аргентина се игра на 19. јули (недела), а на 18. јули во сабота е дуелот за третото место меѓу Франција и Англија во Мајами.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
