-->
-->
Доколку постојано сте уморни и само сакате да лежите и да грицкате еве со каков проблем се соочувате
-->

Калциумот е многу важен минерал, клучен за силата на мускулите, функционирањето на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Покрај препорачаната дневна доза од 4.700мг, може да се случи калциумот во организмот да падне. Пред се, најубаво би било да направите крвна слика, а со тоа и да повнимавате на овие показатели.
ПОСТОЈАНО СТЕ УМОРНИ
На секоја ќелија во човековиот организам му е потребна одредена количина на калциум за да може правилно да функционира. Затоа недостатокот од калциум доведува до брзо заморување. Доколку по вообичаената физичка активност многу брзо се заморувате и долго не можете да се опоравите, а спиете доволно, можеби проблемот е во ниското ниво на калциум.
ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
Калциумот помага во опуштањето на крвните садови. Без доволно калциум, крвните садови се затегнати, што може да доведе до пораст на крвниот притисок. Затоа редовно проверувајте го, па доколку ви е константно висок, време е да ја проверите крвната слика.
ЈАДЕТЕ МНОГУ ГРИЦКИ
Доколку по цел ден не ја испуштате ќесичката со чипс или некои други солени грицки, знајте дека калциумот најверојатно ви паднал. Солените производи се богати со натриум кој влијае на зголемување на трошењето калциум.
КРУТИ МУСКУЛИ И ЧЕСТИ ГРЧЕВИ
Калциумот ја регулира гипкоста и флексибилноста на мускулите. Ако забележите дека во последно време мускулите ви се крути или често имате грчеви, тоа може да биде знак на ниско ниво на калциум.
ТВРДА СТОЛИЦА И ПРОБЛЕМИ СО ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ
Ниското ниво на калциум го забавува функционирањето на организмот, а меѓу другото и фунцкионирањето на дигестивниот систем. Наеност и тврдата столица можат да бидат последица на различни фактори, а еден од нив е и ниското ниво на калциум.
ЗАМАГЛЕН ВИД И ВРТОГЛАВИЦА
Забавеното работење на срцето доведува до помалку кислород кој доаѓа до ќелиите во организмот, што може да предизвика вртоглавица, а понекогаш и чувство како да ќе се онесвестите. Ниското ниво на калциум секако не е единствена причина за ова, но е еден од можните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
