Македонија
27. April 2023 - 16:35

Договорот со „Бехтел и Енка“ главна тема на пратеничките прашања

Договорот со Бехтел и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10Д нема да биде поединечно доставен до пратениците со безбедносен сертификат, туку претставници на Владата на затворена седница на некоја од собраниските Комисии ќе го донесат пред пратениците и тие тогаш прв пат ќе можат да се запознаат со него најавува собранискиот спикер Џафери.  Сепак тој без конкретни одговори на која Комисија и дали документот на раце ќе им биде даден на пратениците, како што побара од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери не открива ни како ќе продолжат заглавените Комисии за законските измените што произлегуваат од Договорот.

Дилемите за Бехтел и Енка и законите по повод Договорот беа клучни и на седницата за пратенички прашања.

Од опозицијата и со прашање кој е вистинскиот премиер во државата.

Од Левица на Апасиев и понатаму со намера да продолжи блокадата на законските измени што произлегуваат од Договорот.

И од Социјалистичката партија повторуваат дека нетранспарентноста на Договорот со Бехтел и Енка ги потврдува сомнежите за криминал при изградбата на Коридорите. Од таму бараат во парламентот да се донесе закон со кој како што велат, штетите што ќе бидат предизвикани од реализација на овој договор Ковачевски и Груби лично да ги надоместат од сопствен имот и средства и да одговараат за тоа.