-->
-->
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-->

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 13:00 часот попладнево, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат.
Активен е пожарот во Општина Делчево на градските гробишта, со кој е зафатена ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Василево, село Доброшинци (депонија), во Општина Кочани (градска депонија), во Општина Илинден, Ајватовски Рид (ниска вегетација) и во Општина Желино, село Садларево (ниска вегетација).
Според ЦУК, изгаснат е пожарот во Општина Кочани на улицата „Иван Иванов Балашо“ со кој беше зафатена ниска вегетација.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
