Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец - Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП).
- Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата и е надвор од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, заштитни зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 - 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Општина Гостивар и околните села со вода за пиење. Предметното зафаќање вода за кое е информирана и јавноста, не е составен дел од дозволата, а водата што се зафаќа е од водно тело кое моментно гравитира во постојан отворен канал. За секоја измена на дозволата од МЖСПП што планира да ја направи некое комунално претрпијатие, вклучувајќи го и Комуналец - Гостивар, прво треба да се поднесе барање до Управата за животна средина - Сектор води, кое потоа го разгледува и дава иили не дава одобрение за измената. Во конкретниот случај се работи за цевковод што служи за вода за пиење, за исклучително санитарни услови. Точка 11 од дозволата вели дека, за секоја измена која ќе сака да ја направи операторот е должен да побара одобрение од МЖСПП зашто министерот ја издава дозволата која е носечка за водоснабдувањето во градот. Такво барање до денес не е пристиганто во МЖСПП, рече денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска на прес-конференција во Владата.
Таа информира дека на 16 јули, по барање на ОЈО од Гостивар, веднаш била издадена наредба за вонреден инспекциски надзор, кооридниран со крим полицијата, АХВ, Центарот за јавно здравје и Комуналец - Гостивар. Од 19 - 23 часот се вршел увид и составен е записник доставен до ОЈО Гостивар.
- Државниот инспекторат за животна средина останува целосно на располагање на ОЈО и ќе продолжи да постапува согласно законските воластувања и надлежните органи, потенцира директорката.
Таа е децидна дека Инспекторатот за животна средина нема надлежност во однос на водата за пиење, ниту во однос на анализите, ниту ќе коментира дополнителни околности, се додека трае постапката пред надлежното обвинителство..
Според директорот на АХВ, Оливер Миланов кој претходно зборуваше на прес-конференцијата во Владата, ОЈО треба да утврди како е дозволено на диво да бидат прикчлучени пумпите. Можеби, како што рече, биле поставени ден пред да се случи хаваријата.
МИА
Ново на Сител
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
-

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро
-

Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
