Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора

Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми.
Дивац бил подложен на операција на колкот откако паднал од мотоцикл во близина на местото Луштица.
Дивац е во стабилна состојба и лекарите не очекуваат какви и да е компликации по извршената операција, јави телевизијата Нова.
Поранешниот југословенски и српски кошаркарски репрезентативец кариерата ја почна во 1983 година во Слога од Краљево, по што настапуваше за белградски Партизан од каде замине во НБА лигата и го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.
Со сениорската репрезентација на Југославија освои вкупно 11 медали, вклучувајќи златни одличја од светските првенства во 1990 и 2002 година, како и од европските првенства во 1989, 1991 и 1995 година.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
-

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
