Директорот на Австралија Опен: Ако Ѓоковиќ се појави на турнирот, тогаш или се вакцинирал или добил посебна медицинска дозвола
Директорот на Австралија опен Крег Тили соопшти дека тенисерите кои имаат посебни медицински дозволи дека не смеат да се вакцинираат ќе можат да учествуваат на Грен слемот. Тој коментираше евентуалното учеството на првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ на еден од четирите најголеми турнири во светот.
– Сите што доаѓаат кај нас се вакцинирани. Ќе има мал процент – многу мал процент – луѓе со медицински исклучоци. Секој играч, навивач или член на персоналот што ќе биде тука е или вакциниран или има медицинска потврда и е заведен во австралискиот регистар за имунизација. Ако Новак се појави на Австралија опен, тоа би значело дека или бил вакциниран или добил медицинско ослободување. Ова е негов избор во однос на неговата здравствена состојба, тоа е негов личен и приватен избор. Нема да го присилиме ниту да бараме да го открие тоа, го цитира „Гардијан“ Тили.
Сè уште не е познат статусот на српскиот тенисер во однос на вакцинацијата. Се претпоставува дека тој не е вакциниран.
Ѓоковиќ е деветкратен освојувач на трофејот на Австралија опен.
Австралија опен 2022 ќе се игра од 17 до 30 јануари.
Ново на Сител
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
