-->
-->
Димитријевиќ го однесе Уникс во полуфиналето на ВТБ лигата
-->

Одлична партија на Ненад Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан кој со убедливи 3-0 во плејофот го елиминира тимот на Парма Перм.
Во третиот меч тимот од Казан славеше со 73-52 и ја потврди доминацијата во четвртфиналната фаза. Македонецот во рускиот тим забележа 12 поени и беше прв стрелец забележувајќи уште и еден сккок, 6 асистенции и една украдена топка. Димитријевиќ на овој меч одигра 26 минути и потврди дека е подготвен да го предводи Уникс Казан до пласман во финалето за што ќе мора да ги одмери силите најверојатно со екипата на Зенит која е фаворит во пресметката со МБА Москва.
Сега Македонија има два претставници во полуфиналето на ВТБ лигата откако претходно учество во оваа фаза обезбеди и ЦСКА Москва на нашиот стратег Емил Рајковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
