Loading Video...
Кошарка
13. February 2021 - 16:10
Димитриевиќ ноќеска, а Ѓуроски утре ќе и се приклучат на репрезентацијата
Четврти ден македонските кошаркари одработуваат мини подготовки за последниот квалификациски круг преку кој се брка настап на Европскиот шампионат.
Засега се тече според планот во редовите на кошаркарската репрезентација која најверојатно веќе утревечер ќе биде комплетна. Ненад Димитриевиќ се очекува во Скопје да пристигне доцна вечерва, а утре да го одработи првиот тренинг, додека Стојан Ѓуроски во Скопје треба да пристигне во текот на утрешниот ден.
Целта е јасна најмалку победа над Естонија изразена со двоцифрена разлика. Но, искусниот крилен-центар Бојан Трајковски смета дека до последниот меч со Естонците, црвено-жолтите ќе мора да натправат уште едно изненадување, победа.
„Непишано правило во спортот е дека секогаш кога се прават некои математики крајниот резултат никогаш не излегувал како што се посакува. Како и да е, ние од првиот натпревар со Италија, па се до оној со Естонија, ќе влеземе максимално подготвени. Со сите ќе играме максимално, па здравје боже, ако добиеме еден од првите три натпревари тогаш можеме да направиме некои калкулации да бидеме поодморени, посвежи за тој натпревар со Естонија. Но пак ќе кажам, не зависи се од нас. Може и Естонија да изненади и да победи со Италија или Русија. И на крајот математиките да останат само математики“, смета Трајковски.
Кошаркарите уште утре ќе бидат во Скопје, а во понеделник заминуваат за перм каде од 18 до 22 односно во рок од пет дена ќе треба да одиграат четири натпревари.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
