Девет грчки плажи останаа без наградата „Сино знаме“

Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ соопшти дека четири плажи на Парос и пет на Хиос се избришани од националната и меѓународната листа за 2026 година и го загубија признанието.
– Според процедурата на програмата, оценувачите од Грчкото друштво за заштита на природата и меѓународните оценувачи, кои извршија ненајавени посети, констатирале недостатоци во исполнувањето на критериумите што се однесуваат на: услугите за капачите и посетителите (вклучително и лицата со попреченост), безбедноста на капачите/ посетителите чистотата и правилно информирање, соопштија од организацијата.
Тие додадоа дека крајниот рок за исполнување на критериумите бил 1 јули, по што членовите на надлежните комисии на програмата одлучиле, како што е предвидено, да ги повлечат наградите со цел да се зачува престижот и кредибилитетот на институцијата.
Дополнително посочија дека продолжуваат контролите на сите плажи во земјата кои ја носат ознаката „Сино знаме“, при што повеќето инспекции се спроведуваат без претходна најава, а во случај да бидат утврдени неправилности и на други плажи, ќе следуваат нови одземања на признанието.
– Нагласуваме дека повлекувањето на конкретните плажи е поради недоволна организација и дека квалитетот на водите за капење останува, според стандардите на програмата, одличен, соопштија од организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“.
Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ на средината на мај годинава соопшти дека наградата ја добија 624 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти со што Грција за задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња што означуваат квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите.
МИА
Ново на Сител
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
