Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер.
Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај Кралево, каде што има повеќе активни жаришта.
Во дел од територијата на општина Кладово е прогласена вонредна состојба бидејќи пожарите загрозуваат неколку села на површина од речиси 13 квадратни километри.
Поради новиот топлотен бран, проследен со јужен и југозападен ветер, метеоролошките услови за гаснење на пожарите значително ќе се влошат, предупреди денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ).
Од РХМЗ предупредуваат дека следува период со изразен недостиг од врнежи, што дополнително ќе придонесе за сушење на вегетацијата и зголемување на опасноста од брзо ширење на пожарите на отворено.
МИА
Ново на Сител
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
-

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
