Депонијата Буково втор ден ги гуши Охрид и Преспа
Пиромани ја палат, а пожарникарите едвај ја изгаснаа депонијата Буково. Иако нема оган се уште се чуствува чад и непријатна миризба во вечерните и утринските часови до Охрид и Ресен.
Од ЈП Охридски Комуналец велат дека подметнати биле не еден, туку два пожари на истата локација во рок од три дена за што била поднесена и пријава до СВР Охрид.
- И за двата случаи беше поднесена пријава до СВР-Охрид од наша страна за подметнат пожар од непознат сторител. Депонијата беше третирана со алги со цел задушување на пожарот. Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја- стои во соопштението на ЈП Охридски Комуналец.
Градоначалникот Пецаков информира дека во тек се бирократските процедури за изградба на регионална депонија во Новаци и очекува следната година да се формира регионалното јавно претпријатије и да се започне со изградбата на претоварните станици.
Депонијата Буково е една од црните еколошки точки и со висок ризик за животната средина за која постојано алармираат жителите и еколошките здруженија од овој реон.
УНЕСКО уште во 2017 година бараше до декември 2020 депонијата во Буково да е затворена и санирана, но, од сето тоа сеуште ништо.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
