Македонија
15. May 2026 - 8:12

Делови од Автокоманда, Влае, Кисела Вода и Трубарево денеска без вода

Поради технички зафати денеска во одреден временски период без вода ќе останат делови од населбите Автокоманда и Влае.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека поради промена на вентил на улицата „Јани Лукровски 8“, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците од истата улица, а поради водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Франце Прешерн 92“,во истиот временски период прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од улицата Влае.

Поради водоводен приклучок на улицата „Иван Козаров 2“, од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истоимената улица, како и дел од улиците „Георги Димитров“, „Вера Јоциќ“, „Божидар Аџија“, „Киро Крстевски“, „Мишко Михајловски“, „Боте Боцевски“ и дел од „Димо Хаџи Димов“ во Кисела Вода

Од 10 часот без вода ќе останат и корисниците од Трубарево поради водоводен приклучок на ул.2 бр.19. 

 

МИА