Дејан Манасков нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го официјализираше денеска трансферот на поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Дејан Манасков.
„Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим составен од најдобрите македонски ракометари и елитни странци“, соопшти попладнево битолскиот ракометен клуб во чиј редови во 90-те години од минатиот век со голем успех настапуваше и таткото на Дејан Манасков, Пепи Манасков.
Триесетиедногодишниот Манасков претходно настапуваше за матичниот скопски Металург, бундеслигашите Вецлар и Рајн Некар Левен, како и унгарски Веспрем, пред да се врати минатата сезона во македонскиот клупски ракомет како играч на Вардар 1961.
За македонската репрезентација одигра 72 натпревари и постигна 279 голови од дебито во 2012 година.
„Манасков првиот тренинг со новите соиграчи ќе го има утре, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари“, најави Еурофарм Пелистер.
Ново на Сител
-

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување
-

Од утре променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во петок
-

Артета: Гладни сме да го добиеме натпреварот за финале
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
