Македонија
17. September 2026 - 13:56

Дедо од Кавадарци пронашол паричник па си пазарел со картичката како да е негова

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70) од Кавадарци поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

Според информациите од МВР, пријавениот претходно пронашол туѓ паричник, во кој имало платежна картичка.

На 5 август 2026 година, без дозвола и согласност од сопственикот, тој ја употребил картичката и извршил плаќања во четири наврати.

На тој начин, како што соопшти полицијата, се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.729 денари.