Loading Video...
Фудбал
10. March 2021 - 1:57
Дебакл на македонската футсал селекција
Македонската футсал селекција доживеа вистински дебалк од Србија во квалификациите за ЕП. Пораз од 6-1 во дуелот против Србија претрпе македонската футсал репрезентација во натпреварот од 4 коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство.
На средбата одиграна во С.Ц “Јане Сандански”, иако нашата селекција прва постигна гол, сепак во продолжението гостите беа оние кои целосно доминираа па на крајот заслужено се радуваа на убедливата победа, прва за Срите во квалификациите.
По овој пораз драстично се намалени шансите за освојување на второто место во групата имајќи во предвид дека во следниот меч закажан за 8 април во Скопје гостува БиХ селекција која досега има максимален учинок, а крај ќе следи и гостување во Темишвар кај Романија на 14 април.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
