Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид.
Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија.
Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.
Во штафетните трки на 21 километар кај мажите победи екипата „Korruners & Atomic“, кај жените триумфираше „Ем-Си Ран“, а во мешана конкуренција најбрза беше „Битола трча“.
Во трката на пет километри кај мажите победи Григоријан Никовски, а кај жените Матеја Ефремовска, додека во тимска конкуренција најуспешни беа „Ракометна школа Седмерец“ кај мажите и „3 Disciplines“ кај жените.
На јубилејното издание на манифестацијата имаше околу 2.700 учесници од 30 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки
-

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата
-

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени
-

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“
-

Пожарот во централна Грција што се прошири и во областа Атика сè уште активен – уапсени две лица и изгорени над 6.500 хектари
-

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден
-

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина
-

Иран предупреди на одлучен одговор на нови американски напади
