Loading Video...
Ракомет
30. January 2021 - 15:44

Данска против Шведска ќе ја брани титулата Светски шампион

 
 
 
Скандинавско финале на ракометниот Мундијал во Египет. За титулата ќе се борат актуелниот шампион Данска и селекцијата на Шведска. 
 
Данците во полуфиналето беа подобри од европскиот првак Шпанија со 35:33, додека Швеѓаните иако на првенството дојдоа со ослабен состав, место во големото финале обезбедија на импресивен начин совладувајќи ја фаворизираната Франција со 32:26.
 
Данците во петтото за нив финале, ќе атакувана втора титула светски шампиони. 
 
За „“Викинзите“ тоа ќе биде осмо финале, прво по 2001-година. Тие ќе се обидат да ја освојат петата титула, откако последен пар Швеѓаните беа на светскиот трон во 1999-година токму на првенството одржано во Египет. 
 
Финалниот меѓу Данска и Шведска на програмата е утре со почеток од 17:30 часот, а претходно од 14:30 часот за бронзениот медал ќе играат Франција и Шпанија.