Loading Video...
Ракомет
31. January 2021 - 19:22
Данска ја одбрани титулата Светски шампион
Репрезентацијата на Данска ја одбрани титулата светски ракометен првак.
Во финалниот меч на шампионатот, Данците по голема борба ја победија селекцијата на Шведска со 26-24 и по втор пат во историјата станаа светски прваци.
Во дуелот за бронзениот медал актуелниот европски првак Шпанија ја победи Франција со 35-29.
Потсетување дека и на овој Мундијал на кој за прв пат имаше 32 земји учеснички, свој настапи имаше о репрезентацијата на Македонија која со само една победа заврши на 23.место
Следното Светско првенство за ракометари по две години ќе се одржи во Полска и Шведска.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
