Македонија
14. May 2023 - 16:32

Дали владиното мнозинство дополнително ќе се раситни - партиите на Турците најавија црвени линии за уставните измени

Уставните измени за тоа кој се може да влезе како посебна група на народ во Преамбулата - нова причина за незадволство во владината коалиција на Ковачевски. Иако официјално не потврдуваат, од Демократската партија на Турците наводно веќе изнеле став дека за нив е неприфатливо торбешите да влезат како посебна заедница во Уставот. Официјално велат дека за се’ треба да се разговара.

„Во работната група треба да ги разгледаме сите барања и предлози што ќе дојдат за промена на Преамбулата. Нашиот партиски став е дека не треба да се отвораат премногу прашања и дека не треба да се излегува од она што е Договор со Бугарија и од усвоената Декларација во Собранието“, велат од ДПТ.

Сепак, за тоа дали ако торбешите влезат во Уставот тие би излегле од власта од ДПТ велат: имаме и ние свои црвени линии. Демократската партија на Турците во парламентот има еден пратеник – Иљас Бејџан кој јавно изрази незадоволство и од тоа што не се реализираани ветувањата од СДСМ за една изборна едница.

Вчера, закана за напуштање на власта стигна од Стојанче Анѓелов кој побара веднаш да се прифатат неговите предлози за отштета на воените инвалиди или пак, семејставата на загинатите бранители од 2001.

Најава дека може да си оди од коалицијата има и од Маја Морачанин, која даде рок до јуни СДСМ и ДУИ да го реализираат ветеното за една изборна едница и ветинг во судството. Морачанин не гласаше ни за законите поврзани со Договорот за Бехтел и Енка, а има резерви и околу уставните измени. Незадоволство околу законите за Коридорите и Изборниот законик има и кај Балковски од ВМРО-Народна.

Ако се реализраат заканите Ковачевски пред почетокот на летото може да се остане само со минимално мнозинство од 61 пратеник.

Владата е стабилна, има разлики, но за нив се разговара - дециден е премиерот.

- Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници. Нормално е дека во рамки на коалицијата има политички партии со одредени ставови кои идеолошки или операционално се разликуваат од другите политички партии, но на главните политички правци на владината коалиција сите имаат исто гледање и работат на остварување на истата цел...

За незадволствотот на Морачанин, Ковачевски повтори дека СДСМ е за една изборна едница, но дека финален консензулен Изборен законик треба да произлезе од работната група. За ВМРО-НП, премиерот вели дека гласала спротивно за неколку закони, но тоа не влијаело на соработката во коалицијата, додека пак, за Анѓелов  - Ковачевски рече дека го цени и можно е да се изјаде решение.