Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството

Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!", научниот соработник и заменик национален координатор за трансплантација Александар Гавриловска Брзанов, упатува силна порака за поддршка на органодарителството.
- Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи - органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец. Трансплантацијата на органи им овозможува на примателите да не се зависни од фамилиите, да придонесуваат во заедницата и да го менуваат општеството на подобро - посочува д-р Гавриловска Брзанов во видео пораката.
Таа упатува осебна благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на болка и загуба, одлучиле да ги донираат органите на своите блиски, покажувајќи исклучителна емпатија и хуманост.
Министерството за здравство во рамки на националната кампања за унапредување на органодарителството продолжува со активности за подигнување на свесноста кај граѓаните да се изјаснат како органодонори и со тоа да остават дел од себе кој ќе продолжи да живее.
МИА
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
