ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Кочани, Куманово, како и два во подрачјето на општина Центар, од кои едниот на булевар „Македонија“, а другиот на улицата „Тодор Александров“.
Претходно, МИА информираше дека пожарот во демиркаписко Прждево зафати три постари куќи, а спасена е една повозрасна жена.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
-

Во Техеран почна погребната поворка во чест на Али Хамнеи
-

Во Турција приведени повеќе од 100 анти-НАТО демонстранти
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
