ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума.
Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што гори депонија, како и во Општина Босилово, кај селото Штука, каде што е зафатена депонија и нискостеблеста шума.
Според ЦУК, изгаснати се пет пожари. Тие биле регистрирани покрај автопатот Тетово–Гостивар, во близина на селото Врбјаниште во Општина Гостивар, каде што горела ниска вегетација, потоа во Општина Новаци покрај локалниот пат од селото Новаци кон месноста Ергела, кај ФЕЦ Новаци, каде што била зафатена ниска вегетација.
Изгаснати се и пожарите во атарот на селото Бели во Општина Кочани, каде што гореле сува трева и диви депонии, на улицата „Мајка Тереза“ во Струмица, како и на улицата „Западен Булевар“ во Кавадарци, каде што биле зафатени сува трева и хаварисани возила.
MИА
Ново на Сител
-

Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“
-

Мортус пијан возач со 4,35 промили алкохол во крвта фатен во Делчево
-

Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
-

Две возила утрово опожарени на „Џон Кенеди“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
-

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
-

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
-

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
