ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска вегетација, во Општина Крива Паланка село Мождивњак на местото викано Острец (шума);
Општина Тетово кај Ресторан Сирач (сува трева) и во Општина Желино село Горна Лешница (ѓубре).
Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево кај Глуво (сува трева); село Мирковци (сува трева); и село Кучевишка Бара (сува трева и грмушки); Општина Карпош на улица „Скупи“, кај сервис „Агромеханика“ (сува трева и грмушки); Општина Гази Баба - Скопско Поле (дрво покрај пруга); Општина Битола кај Тумбе Кафе (ѓубре и сува трева); Општина Прилеп на улица „Дебарска“, кај местото викано Теќе (депонија); Општина Струга кај село Лабуништа (сува трева); и во Општина Теарце кај селата Шемшово и Сиричино (ѓубре).
МИА
Ново на Сител
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
-

Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години
-

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг
