ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати

До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општина Студеничани - над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод - место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола - село Лопатица (ниска вегетација), во општина Новаци - селата Маково, Мојно и Брник (ниска вегетација и деградирана шума), општина Крушево - на потегот од село Алданци до село Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Велес - село Слп, каде што со огнот е зафатена шума.
Под контрола се три пожари - депонијата во општина Делчево, во општина Могила - селата Лознани и Вашарејца (ниска вегетација) и во општина Јегуновце - село Копанце (зафатена е шума).
ЦУК известува за 31 изгаснат пожар:
Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја)
Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови)
Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација)
Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација)
Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник)
Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација)
Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии)
Општина Василево: с. Василево (депонија)
Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација)
Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште)
Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници)
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа)
Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери)
Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери)
Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки)
Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18
Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација)
Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа)
Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија)
Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки)
Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација)
Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација)
Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација)
МИА
Ново на Сител
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
