ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот

На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на планината Огражден кај Ново Село, каде што се зафатени депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација.
Под контрола е пожарот на градската депонија во Делчево.
Изгаснати се пожарите кај селото Блатец во Општина Виница, во населбата Света Петка во Штип, кај селото Горенци во Општина Центар Жупа, кај селото Бачинци во Општина Кичево, во близина на Филтерната станица за вода во Општина Лозово, во населбата Средорек во Куманово, кај селото Милетино во Општина Брвеница, кај селото Долна Лешница во Општина Желино, кај селото Слатина во Општина Теарце, во близина на ресторанот Чифлик во Општина Врапчиште, кај селото Трубарево во Општина Гази Баба и кај селото Долно Свиларе во Општина Сарај.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
