ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати.
Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија и ниска вегетација; во Општина Брвеница, кај селото Волковија, каде горела ниска вегетација, во Општина Штип, на месноста „9-ти километар“, во близина на експресниот пат Штип – Радовиш, каде горела ниска вегетација и во Општина Кочани, кај селото Тркање, каде горела ниска вегетација.
Изгаснати се и пожарите во Општина Радовиш, кај селото Бучим, каде била зафатаена ниска вегетација и ниска шума, во Општина Новаци, кај селото Теповци, на месноста Ергела, каде горела ниска вегетација; како и пожарите кај селото Пчиња, во Општина Куманово и во Општина Липково, кај селото Отла, во Липковско Поле кон селото Оризаре, каде гореле ниска вегетација и жито.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
