-->
-->
Чоколадно „цвеќе“ - како подарок за Денот на вљубените во ресторан во Франција
-->
Ресторан во Тулуз, Франција, во пресрет на Денот на вљубените на 14 февруари, понуди необичен и доста уникатен подарок - „цвеќиња“ направени од слатки, објавуваат тамошните медиуми.
Купувачите и нарачателите можат да изберат „букети“ според нивниот вкус - бонбони во облик на цвеќиња од чоколадо, ванила или лимон со мали колачи во разни бои... Или пак, познатата торта „Мадлен“, овековечена од писателот Марсел Пруст, со вкус на лимон или портокал.
Букетот може да вклучува пралини со мирис на роза или бисквити со мирис на љубичица. Цената на „букетите“ се движи од 15 до 30 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
